MakRap by Dudo
MakRap by Dudo

MakRap

Dudo * Track #6 On Suplex

MakRap Lyrics

Дудо - МакРап
[Verse 1]
Доаѓа MC-то од мракот крај ограбено тобако
Кај што ечи рапот, но hardcore, не било каков
Кој излегол во диско е хомо, ќе јаде strap-on
Кој има убав живот да умре, ќе плати скапо

Па паѓа на трње ко Mortal Kombat четврт дел
Грбот црн е, бензин врне, фрлам кибрит за да тргне
Строго тврдокорен рап, влагам, спуштај доле гард
Ќе гориш додека ноќта минува полека

Минува полека исто ко 100 века додека
Се мрзнам без облека, барам судбина помека
Па, ми преостанува да димам јас со тимот
Што друго да правиш кога имаш тежок живот

(ах) озбилно, да правиш друго немаш
Не велам немам, туку немаш, дојди ми требаш
Но, не знаеш како е, никој не сфаќа
За улица, за вино, за клупи, за браќа, една љубов

Јас сум уметник, го читам Паоло Коељо
Ќе бидам писател ко него
Едвај завршив средно, но патот сам го бирам
Не значи дека сум глуп ако сум неедуциран

Затварам очи, нотите ме водат
Прават мислите да дишат и зборовите да горат
Срцето на трака, никат не викам не
Бидејќи тајната ме научи дека сум способен за се

Јас сум уникатен, на некого му смета
Нека хејта, правам повеќе врева од heavy metal
Ако треба со секој од вас ќе водам борба
Дека рапот без мене е како NBA без Jordan

Имам див стил, никат не сум бил мил
Пукам правам бум бум, а ти правиш пиу пиу
Да, идејата за тракава ја давам
Пијам Џин и џус опуштено со парите во глава

[Chorus 2x]
Кога доаѓаме на бина, MC-њата се кријат
Лириковна колектива атмосферата ја дига
Инспирирани од живот кој е тежок, но го играм
Со мојата екипа, луѓе за кои што гинам

[Verse 2]
Кога доаѓам на бина и те гледам само тебе
Она ме гледа и сака да е со мене
Она сака да ја имам, само сакам да те видам
Ајде дојди ти до мене, сакам да сум со тебе

Јас верувам во себе, ајде дојди ти со мене
Не губи време, не, те чекам покрај себе
(а?) е баш сум уникатен
Да знаев да пеам ќе бев пеач, се мразам себеси што сум рапер

Влегува на траката MC-то со високо мислење
За себе, секогаш искрен е
Растев со рапот во моите вени, тоа нема да се смени
На трака нова рими ко од две илјади и втора

Никогаш не бев добар, не можам преку максимумот
Ми бега битот, звучам несигурно
Ме слушаш за да поминам дека повеќе вреди
MC-то пред мене исто и MC-то што после мене следи

Следам со рими на сцена, нема да гледам како ги редам
Нема да сменам стил, не гледам начин друг рими да редам
(иста рима?) со flow-то ја маскирам, видете, римите кинат
Рап едуциран, бирам рима, со рима те кинам на бина

Високо пласиран, пази на римите празнина, ве разбивам
Види ме, бираме, кинеме, некогаш ништо не се ни разбира
(па што) зошто смисла да барам и да ја ставам
Деца кои премали се да ме пратат се палат и клатат глава

Влагам со куп клишеа, нека пазат
Направив трака со наслов Повторно Назад
Со тема за жена што пари нема
Уствари метафорички за рапот е, отиде и ги зема

Избрав придавка, именка, групата си ја крстив
Лажни рапери, сме подземје, а врз нив
Лажни рапери, за кеш се би прифатиле
(ќе настапите ли за 500 денари) ќе настапиме

[Chorus 2x]
Кога доаѓаме на бина, MC-њата се кријат
Лириковна колектива атмосферата ја дига
Инспирирани од живот кој е тежок, но го играм
Со мојата екипа, луѓе за кои што гинам

MakRap Q&A

When did Dudo release MakRap?

Dudo released MakRap on Wed Mar 14 2018.

Your Gateway to High-Quality MP3, FLAC and Lyrics
DownloadMP3FLAC.com