Цреша (Creša) Lyrics

[Текст за песната „Цреша (Creša)“]

[Строфа 1]
И ден денес ко сонлива песна
Ḱе долета мирис на цреша
Кога пролет ќе расцути в поле
Една цреша што мене ме чека
Кога морав да одам им реков
Сѐ што имам и куќа и нива
Нека земе што му треба секој
Но црешата да ја најдам жива

[Рефрен]
Што е тоа во луѓето тажно
Што живеат во животи туѓи
Кој во моето минато плови
Сосем мирно и без да се срами?

[Строфа 2]
Само ветерот гласот го слуша
И ко ехо се врати пак в душа
Убава песна не сака баш секој
И на славеј камен фрла некој

[Рефрен]
Што е тоа во луѓето тажно
Што живеат во животи туѓи
Кој во моето минато плови
Сосем мирно и без да се срами?

[Строфа 3]
Не е небо ова што ви нудат
Не е сонцето злато што свети
Ако можат би го продале Бога
На нив само еден ќе им суди

[Рефрен]
Што е тоа во луѓето тажно
Што живеат во животи туѓи
Кој во моето минато плови
Сосем мирно и без да се срами?

[Рефрен]
Што е тоа во луѓето тажно
Што живеат во животи туѓи
Кој во моето минато плови
Сосем мирно и без да се срами?
Што е тоа во луѓето тажно
Што живеат во животи туѓи
Кој во моето минато плови
Сосем мирно и без да се срами?

Your Gateway to High-Quality MP3, FLAC and Lyrics
DownloadMP3FLAC.com