[Строфа: El Borracho]
Оставен на патот, не знам за мајка ни татко
Копиле гладно, на ќошот пееше на ладно
За градот, а градот, темен ко мракот ме гледа и воздувнува
Ме крие од секој странец што поминува
Некогаш ми даваше и нечиј леб
Да се залепи за коските испакнати од партали
Ме чуваше во сокаци да може да ме засолни
Населби насели а мене меѓу нив ме заборави
Па почнав да ги чкртам сите негови ѕидини
И да оставам потписи, јас сум против нив
Ми се појави човек кој ми понуди да заминам со него
Му реков океј бро, и ме однесе во Бронкс
Ме запозна со група луѓе кој се нарекуваа хип-хоп
Битно сите беа како мене исто
Џитнати на патот од градот и расизмот
Беше кризно, сеуште не свиркаа и чуваа заградени зад ѕидот
Овде блокот беше притвор
Па мојот човек рече брат мора план под итно
Имав идеа, си го дадов здивот
И сега има плоча, ми рече “Брат јас за ова многу должам”
Му реков ти ми даде фамилија, тогаш пуштив солза
По среќен образ, се смеев и плачев, прва победа по секој пораз
Па створив контакт со момците со шешири
И кожени џакети, веќе гласот се рашири
Им дадов некој совет, тие мене копнеж
Дека не има многу повеќе во овој гол свет
Нема сомнеж, станав многу познат
Живеев на улица а сега не знам пешки, само кола
Со сите зборам, за мене сите зборат
Им давав топлина на сите, то што го немав помал
Бев богат, полн со љубов, ми се прошири кругот
Сега облечен во ново руво
Живеам во свет за кој ни на сон не би помислил
Па од каде дојдоа сите овие промени
Добив понуди да заминам на западот, го прелетав патот
Сега сум во на паднатите ангели градот
За многу кратко, се здружив со луѓе за кои не постои стравот
Светот нагло ми се промени
Пробав некој дроги животот што ми ги доведи
Добри спомени, кон никого ништо лично
Но сега носам пиштол во појасот морално јас сум Rich Boy
Ме знае мафија, со нив заглавив брат во партија
Таа вечер мојот човек загина,
Не цела година, ми се случи иста сторија
Државата ме смета за закана, ѕвер ме сторија
Па заглавив во клубови и барови
Секој мој совет го користат да се заработи
Луѓето во костум, пред мене стојат простум
На моите луѓе, морав да им кажам збогум
Па останав во подрум, барем имам покрив над глава
И луѓе од старт со мене што останаа
Светот ми пропадна, не бев свесен
Пари или почит, јас ги изгубив и двете
Ме вие ветер, ме лие дожд
Не знам дал е ден или ноќ
Се сеќавам на денот кога го кренаа храмот
Сега шетам во него сам во ладно
Па го дочекав денот да кажат јас сум мртов
Се вратив на старите партали, нема веќе крзно
Нема веќе љубов, градот се смее ме пречека пак со студот
А кога сите ме бараа јас бев тука
На секаде во светот, на секоја клупа
Можеби бев глупав, пошто сега немам покрив над глава
А тие спијат во палата
Им затропав на врата, ме плукаа ко циган
Пошто не личам на некој кој дома ти би го прибрал
Роден сирак, роден како бездомник
Безболни, камо да беа сите спомени
Светот ме порази и согази, толку луѓе израстив
А никој не се сожали
На сите мои маки, кога вие плачевте
Јас бев тука со вас и памтиш?
Ме оставивте да тонам
Се вратив јас на сокак, од каде почнав
За да можам да се засолнам
Тука се родив, сакам тука и да загинам
Bezdomnikot was produced by RickBeatZ (Tha Titanium).