Антониа Гиговска е македонска поп-пејачка родена на 21 јануари 2001 година во Скопје. Антониа, во текот на 2015 и 2016 учествуваше во познато српско натпреварување “Пинкови Ѕвездички” и го освои 7-то место. Во 2018 учествуваше на романскиот натпревар “Златен Елен” каде го освои второто место. Нејзината песна “Невреме” како нејзин прв сингл се најде на “trending” листата на YouTube. Антониа е победник на Макфест 2018 со песната “Никогаш не вели никогаш”, истата година Антониа е избрана за придружен вокал на групата Eye Cue која ја претставувала Македонија на Евровизија 2018. Следат бројни хитови, од кои што најголем успех постигнува со песната “Mogli smo u dvoje” која беше број 1 хит во Србија на радио станиците. Песната “Ванила” во дует со Панчо од DNK, “Крива сум” која беше номинирана за најдобар спот од Македонија. Антониа исто така беше придружен вокал и на Тамара Тодевска на Евровизија 2019 каде што го оствари најдобриот пласман досега на 7-то место.