На чекор од тебе стојам јас
Со вперен пиштол непуштам глас
А ти неможеш да мрдниш од страв
Не е важно кој крив а кој прав
И еве повлекувам сега
Немаш време,а сакаш да бегаш
И мисли ти летаат низ твојата глава
А рацете ти минуваат низ косата глава
Веќе е доцна да се каеш
Другпат внимавај колку лаеш
Во очите твои прашања по ред
А за победа ти имаш жед
И самата знаеш дека
Ќе те боли ова што те чека
А дотерана си по последна мода
Те намокрив сега со пиштолот на вода