Христијан Тасковски во јавноста уште познат како Таско е македонски рапер роден на 25 февруари 1996 година во Скопје. Уште од мали нозе почнал да пишува поезија и освојувал бројни натпревари во пишење на песни. Со музика почнал да се бави 2011 година кога ја сними својата прва песна, а набрзо се запознава со Тракер и започнува соработка со прдукциската куќа Urban Records. Првата голема популарност во јавноста ја стекнува со објавување на неговиот сингл “Rutina” април 2018 година. Во текот на годината следуваа соработките со Тракер и 2Bona со кој објави неколку песни. Со обзир на се поголемата популарност во регионот, Таско во текот на 2019 година почна да соработува со музичари надвор од Македонија, па во месец февруари 2020 го објави дуетот “Balkan Banda” со Inas песна која денес брои повеќе од 9 милиони прегледи, а после месец дена и песната “Di Caprio” со Fox. Покрај музиката, Таско се бави и со мода и е заштитно лице на компанијата Nike во Македонија и учествуваше во претставувањето на новата колекција на Nike Air Max Throwback Future Pack во текот на месец април 2019 година.
Tasko's first album Niz moite oci released on Thu Jan 01 1970.
The most popular album by Tasko's is Niz moite oci
The most popular song by Tasko's is Nevaljala
Tasko's first song Di Caprio released on Sun Mar 22 2020.