Next Time е рок дуо од Скопје, Македонија кое е составено од двајца браќа близнаци Стефан и Мартин Филиповски родени на 20 септември 1986 година. Стефан е frontmen на бендот како главен вокал, додека пак Мартин свири гитара а воедно е и придружен вокал. Дуото за првпат се појавува под името “Next Time” на почетокот на 2008 година на музичкиот фестивал „Ѕвездена Нок“ и освојуваат “Summer Hit of the Year” со нивната втора песна „Ме мислиш ли?“. Најголемиот фестивалски успех Next Time го достигнуваат во октомври кога победија во второто полуфинале на Макфест. Со нивниот четврти сингл „Без тебе тивко умирам“. Претходно настапувале како гараж бенд и на неколку детски фестивали. Нивниот прв албум наречен “Next Time”, е издаден по само 8 месеци од нивното појавување во декември 2008 година, албумот се состои од 13 песни, од кои две се испеани на странски јазик. Првите четири синглови беа придружени со спотови. Со објавувањето на нивниот албум тие се стекнаа со голема популарност и станаа значајни уметници на Македонската музичка сцена. Во февруари 2009 година, Next Time се натпреваруваа на Скопје фест, македонски музички натпревар и национален избор за песна за Евровизија, изведувајќи ја песната „Нешто што ќе остане“. Групата победи на овој фестивал и со тоа ја претставуваше Македонија на Евровизија 2009 година во Москва.
Next Time's first album Na krajot od denot released on Sat Jan 01 2011.
The most popular album by Next Time's is Na krajot od denot
The most popular song by Next Time's is Ja izlezi Gjurgjo
Next Time's first song Ja izlezi Gjurgjo released on Tue Dec 23 2014.