Марио Јелиќ, познат под сценското име Кун — е македонски музички артист и еден од главните претставници на трап-музиката во Македонија. Марио Јелиќ е роден на 7 јуни 1994 година во Скопје. Со музика се занимва уште од раните тинејџерски години. Својата прва студиска песна ја снимил во 2009 година заедно со Бонтони (Антонио Стојановски). Првиот заеднички настап бил во 2010 година со уште неколку македоснки рап групи во ноќен клуб во Скопје. Во 2014 година Кун и Бонтони потпишуваат договор со Inovativa Group, по што настанува групата 2Bona (Два бона). По неколку издадени песни под Inovativa group, 2Bona ја издаваат песната “Moët” под продукцијата Urban Records и стануваат познати на пошироката јавност. По песната “Moët” ја издаваат песната Balkan и достигнуваат голема слава во Македонија и Балканот.